Портланд го победи Далас во рано утрово со 125:122 на свој терен во натпревар од НБА-лигата.
Дени Авдија со 27 поени, девет скока и 11 асистенции ги предводеше домаќините до победата. Макс Кристи со 25 поени беше најефикасен кошаркар кај Маверикс.
Портланд има скор од 14-19 (победи-порази) и се наоѓа на 10. место на табелата во Западната конференција. Далас (12-22) е на 12. место, откако го загуби својот трет натпревар по ред.
Резултати на натпреварите играни ноќта понеделник кон вторник:
Шарлот – Милвоки 113:123
Вашингтон – Феникс 101:115
Бруклин – Голден Стејт 107:120
Мајами – Денвер 147:123
Торонто – Орландо 107:106
Чикаго – Минесота 101:136
Хјустон – Индијана 126:119
Њу Орлеанс – Њујорк 125:130
Оклахома – Атланта 140:129
Сан Антонио – Кливленд 101:113.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: