Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, ќе стартува нова епизода во својата кариера, тој сега се сели во полсклиот шампионат, во екипата на Јагелонија.
Чурлинов ќе замине првично на позајмица, па доколку ги задоволи апетитите на полскиот клуб, ќе има простор за перманентен договор.
Јагелонија е амбициозен полски клуб, кој добро ја почна сезоната, а добар поттик им даде и тоа што добро ги стартуваа квалификациите за Лигата на шампионите, па Чурлинов би им бил добро засилување во нападот.
– Ме привлече проектот на Јагелонија и тоа што ќе бидат дел од Европа, овде луѓето покажаа голем интерес за мене и тоа ми беше важно и пресудно, затоа прифатив да дојдам овде, порача Чурлинов по потписот со овој клуб.