Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, е блиску до заминување од Неапол, па поради тоа, во италијанскиот клуб размислуваат за негова замена.
Постојат повеќе опции, а една од пореалните е доаѓањето на Ромелу Лукаку, кој доколку се согласи, ќе мора да игра за далеку помала плата од претходно што заработуваше во другите клубови.
Фудбалерот на Челси стои на идејата дека за него би било добро да направи трансфер во Наполи, а неговата актуелна плата изнесува нецели 11 милиони евра, нешто што Наполи ни одблиску не може да си го дозволи.
Наполи бил подготвен да му понуди со 6 милиони по сезона и наводно Белгиецот веќе се подготвувал за овој трансфер, но се чекало прво заминувањето на Осимен, за кого сериозно се заинтересирани од ПСЖ, бидејки во него гледаат замена за Килиан Мбапе.
Добар дел од парите од овој трансфер, Наполи ќе ги искористи за ангажман на Лукаку, кој неколкупати низ кариерата соработуваше со тренерот на Наполитанците.