Четвртфинале за ракометарките на Бразил, Норвешка, Данска и Унгарија

Со одигрувањето на денешните натпревари од групите 1 и 4 на Светското првенство за ракометарки пласман во четвртфиналето обезбедија репрезентациите на Бразил, Норвешка (група 1) и Данска и Унгарија (група 4). Четвртфинале имаат обезбедено уште и ракометарките на Германија.

Со денешните победи пласманот во завршницата го обезбедија Бразил со триумфот над Ангола, потоа Норвешка со победата над Чешка и Данска со триумфот над Швајцарија. Единствено Унгарија одигра нерешено со Јапонија, но загубениот бод нема големо влијание на пласманот на унгарската репрезентација на табелата.

Резултати група 1: Романија – Сенегал 37:17, Јапонија – Унгарија 26:26 и Данска – Швајцарија 36:23.

Резултати група 4: Ангола – Бразил 26:32, Шведска – Јужна Кореја 32:27 и Чешка – Норвешка 14:37.

Табела група 1: Данска 8, Унгарија 7, Романија 4, Јапонија 3, Швајцарија 2, Сенегал 0.

Табела група 4: Норвешка 8, Бразил 8, Шведска 4, Ангола 4, Чешка 0, Јужна Кореја 0.

 

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО