Автомобилскиот бренд „Chery“ и Гранд Ауто како генерален увозник на овие возила на македонскиот пазар, од денес се нов партнер на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Претседателот на РФМ Александар Стефанов изрази задоволство што македонските ракометари добиваат уште еден партнер.
– Директорот на Гранд Ауто, Дритон, без размислување, уште на „прва“ ја прифати мојата да биде дел од Управниот одбор на федерацијата. Знам колку тој го сака ракометот, Тој почеток на нашата соработка денес се продлабочи преку спонзорство од „Chery“. Благодарност до Гранд Ауто. Се надевам дека оваа соработка ќе носи нови успеси, нови победи, ќе се радуваме заедно и ќе славиме, изјави Стафанов на денешната прес-конференција.
За сличните вредности што ги негуваат РФМ и Гранд Ауто зборуваше генералниот директор на компанијата, Дритон Заири.
– Еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и светот „Chery“ и „Гранд Ауто“ се горди на официјалното спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Сите знаеме дека ракометот не е само спорт во Македонија, Ракометот е емоција, тој е традиција а, денес е симбол на нов почеток. РФМ со новото раководство. Истото се однесува и за стручниот штаб на репрезентацијата кој има многу знаење и искуство. Ова целосно се совпаѓа со филозофијата на Џери „инвестирај во напредок иновации и долгорочен развој. Веруваме дека нашето партнерство со РФМ ќе има придонес на само во постигнување спортски успеси, туку и во инспирација на младите деца да спортуваат, промоција на тимски дух, дисциплина и амбиција. На нашата репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров и посакуваме успешен настап на претстојното Европско првенство, изјави Заири.
Македонските ракометари во средината на јануари ќе настапат на Европското првенство 2026. Тие се во група со кодомаќинот на првенството Данска, со Португалија и со Романија.
Фото: МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: