Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди денеска дека Лиам Делап и Естевао се подготвени за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила.
„Естевао се врати и ќе биде на располагање за натпреварот в сабота. Исто така и Делап. Двајцата се вратија“, рече Мареска на денешната прес-конференција.
Враќањето на Делап е голем поттик за Челзи, бидејќи напаѓачот се враќа порано од очекуваното од повредата на рамото во ремито против Борнмут на 6 декември.
„Не знаевме точно колку долго Лиам ќе биде надвор од игра, но тој се враќа в сабота. Среќни сме што двајцата се тука“, рече Мареска.
Стратегот на Челзи, исто така, објави дека Кол Палмер, кој неодамна се врати на теренот по проблеми со препоните, а потоа и со прстот, е подготвен да одигра цел натпревар.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: