Челси ја продолжи неверојатната серија во Премиер лигата и оствари уште една голема победа, овој пат пред своите навивачи против Брентфорд од 2:1. Овие три бода за „сините“ се чекор поблиску до врвот на табелата, затоа што сега заостануваат само два бода зад лидерот Ливерпул, но имаат и меч повеќе од „црвените“.
Победата на лондончани ја најави Кукурелја со голот во 43. минута, додека Николас Џексон во 80. минута зголеми и на 2:0. Голот надеж за „пчелите“ беше дело на Мбеумо во 90. минута.
Тотенхем, пак, вечерва во едно полувреме го наполни голот на Саутемптон и обезбеди нови три бода. Момците на Постекоглу како фурија го отворија мечот и за само 15 минути има апредност од 3:0. Прв погоди Медисон уште во 1. минута, а по него во 12. Сон и во 14. Кулушевски.
Сар во 25. минута зголеми и на 4:0, додека конечните 5:0 ги постигна Медисон со вториот гол во судиското продолжение од првиот дел. Во второто полувреме Тотенхем само рутински го приведе мечот до крај.