Челзи ќе одржи итен состанок за да разговара за новиот тренер

Раководството на Челзи планира да одржи итен состанок за да разговара за назначувањето на нов главен тренер, објави „indykaila News“.

Според изворот, постои значително несогласување во клубот околу изборот на нов главен тренер. Претходно, извештаите сугерираа дека главниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, би можел да ја преземе функцијата.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Енцо Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, Лондончани ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство.

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО