Чави подготвен за клупата на Јунајтед?

По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието. Иако беше поврзуван со бројни клубови во претходните месеци, тој ги одби сите до неодамна.

Сепак, сега ситуацијата се менува.

Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед.

Шпанецот детално ја анализирал Премиер лигата и верува дека е зрел да покрене голем, но моментално заглавен проект, кој под раководство на Рубен Аморим.

Јунајтед е сè уште во голема криза – по шест кола, тие се на 14-то место во Премиер лигата, далеку од европските натпреварувања, што е сериозен удар за клуб со толку голема традиција. Во последното коло, тие беа поразени од Брентфорд со 3:1, а тренерот Рубен Аморим е блиску до отказ и покрај тоа што во понеделникот, клупските челници изјавија дека Португалецот ја има нивната поддржка.

Чави ужива висок углед и веќе беше споменуван како опција за Јунајтед минатата година, но тогаш не сакаше да влегува во никакви авантури среде сезоната. Денес е во слична позиција – слуша понуди, но сè уште не прифатил ништо.

Покрај Манчестер јунајтед, интерес за него покажува и Ал Итихад, кој бара наследник на отпуштениот Лоран Блан. Меѓу кандидатите се Лучијано Спалети и Серж Консеисао, но Шпанецот дефинитивно е најпознатото име на листата.

Засега, Чави мудро молчи и чека предизвик што навистина ќе го мотивира да се врати на клупата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО