Чаир 2030 со минимална победа над Тиквеш

Кошаркарите на Чаир 2030 вечерва во последниот дуел од 15. коло од МТЕЛ Супер лигата остварија важна победа вкупно шеста во првенството откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 77:76 (22:22; 21:15; 15:19;19:20). Чаир 2030 со оваа победа се изедначи со ист скор на победи и порази (6-9) со екипите на Работнички, Тиквеш и Феникс.

Во неизвесна завршница со кошот на Ибраими поведе со поен предност 77:76, но последниот напад гостите од Кавадарци не го реализираа откако Хоукинс промаши шут за три поени. Најдобар играч на натпреварот беше Џејлин Билингсли со 24 поени и 14 скокови.

На чело на табелата е ТФТ со 29 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје Аеродром.

Фото: МКФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО