Бруто платата на Влаховиќ во Јувентус е речиси 20.000.000 евра

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и оваа сезона е најплатениот фудбалер во Серија А. Според податоците на специјализираниот портал за финасиите во фудбалот, „Calcio e Finanza“, во Топ 5 има тројца играчи на Интер и по еден од Рома и Наполи.

Бруто платата на Влаховиќ во сезоната 2024/2025 изнесува 18.900.000 евра. Кога ќе се одбијат сите давачки на фудбалерот му остануваат 12.000.000 евра, што го прави Влаховиќ најплатен во Серија А.

Втор на оваа листа е Лаутаро Мартинез. Аргентинецот неодамна го продолжи договорот со Интер до 2029 година. Платата на Лаутаро според новиот договор на годишно ниво изнесува 9.000.000 евра.

Трет на оваа листа е сонародникот на Лаутаро Пауло Дибала кој беше блиску до преселба во Саудиска Арабија за плата од 25 милиони евра годишно, но на крајот остана во Рома со која има договор според кој неговата плата по сезона е 7.000.000 евра.

Четвртата позиција ја делат Хакан Чалханоглу и Маркус Тирам од Интер, како и новото засилување на Наполи, Ромелу Лукаку, кои по сезона заработуваат по 6.500.000 евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО