Бразилските фудбалери на невиден начин го понижија својот селектор

Фудбалерите на Бразил беа елиминирани од Копа Америка по изведувањето пенали во четврт-финалето против Уругвај, но повеќе го разочараа фудбалскиот свет поради друга причина.

Пред почетокот на пенал серијата, видена е сцена каква што ретко се гледа на ова ниво на фудбал: прегрнати, наредени еден до друг во круг, фудбалерите на Бразил правеа план пред најважниот дел од натпреварот додека селекторот „играше“ околу тој круг.

Никој не обрна внимание на Доривал Јуниор. Беше тргнат настрана, сакаше да земе збор, да сподели совети и упатства, но секој таков обид беше залуден. Во еден момент дури и ја крена раката за да биде забележан.

И тогаш никој не го погледна. Репрезентативците на Бразил покажаа што мислат за својот селектор така што брутално го тргнаа од себе во моментите кога се договорија за клучниот дел од мечот. Селекторот беше брутално исклучен.

Јасно е дека Доривал нема авторитет кај бразилските ѕвезди, но под секое ниво е вака да се понижува тренерот/селекторот пред очите на фудбалскиот свет.

Од другата страна на теренот – сосема поинаква слика.

Слика на заедништво и синергија меѓу играчите и тренерите.

Уругвајците беа прегрнати во круг и додека нивниот тренер Марсело Биелса беше во центарот, држејќи збор, командуваше, додека играчите внимателно го слушаа.

Впрочем, не случајно пенал серијата ја добија Уругвајците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО