Бразилски тинејџер го победи Рубљов во првата рунда на Австралија опен

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го заврши учеството на Австралија опен во првото коло. Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека (112. на АТП листата) го победи Рубљов со 3:0 (7:6(1), 6:3, 7:6(5).

Од стартот искусниот Рус и 18-гдишникот од Бразил водеа голема борба. Немаше брејк во првиот сет, а во 13.игра, Фонсека го декласира Рубљов со 7:1 и го освои сетот. Борбата во првиот сет беше изедначена до крајот. Ниту еден од играчите не успеа да го избие сетот, па беше потребен тај-брејк.

Веднаш на стартот од вториот сет Бразилецот успеа со брејк да дојде до предност од 3:0, а потоа го одбрани својот сервис и поведе со 2:0.

Третиот решавачки сет исто така беше решен во тај-брејк. Бразилецот започна силно, дојде до водство од 4:0, но Рублев одговори и израмни (5:5). Фонсека тај-брејкот го доби со 7:5.

Бразилецот во второто коло на Австралија опен ќе се соочи со Италијанецот Лоренцо Сонего.

Фонсека стана вториот тинејџер од 1973 година кој победил Топ 10 играч во главниот ждреб на Грен слем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО