Бразилскиот натпреварувач Матеус Еванжелиста е победник на 37. издание на Охридскиот маратон, додека во женска конкуренција целната линија прва ја мина Французинката Каролин Жуис.
Еванжелиста до победата дојде со време од 5:45:05 часа, додека македонскиот натпреварувач Евгениј Поп Ацев заврши како трет. Втор маратонот го заврши Холанѓанецот Марсел Шауле.
Кај дамите Жуис победи со време од 5:46:51, а зад неа следуваа Матје Пука од Аргентина и уште една Французинка, Инес Делакроа.