Братот на Пол Погба, Матијас доби затворска казна од три години поради обидот за изнуда на францускиот фудбалер.
Погба на почетокот од 2022 година јавно објави дека бил жртва на обид за изнуда на пари од негови пријатели и братот Матијас.
Според неговото признание Погба исплатил 100.000 евран а криминалците, а сега судот ги прогласи за виновни и им одреди затворски казни.
Матијас доби затворска казна од три години, додека останатите лица заработија казни од три до осум години.