Бошко Ѓуровски е згрижен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, а Црвена звезда се огласи со соопштение.
На Ѓуровски му се слоши за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ.
„На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, каде што беше подложен на детални прегледи“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.
Директорот на Институтот, проф. д-р Милован Бојиќ, потоврди дека „Бошко се чувствува добро и е во добра општа здравствена состојба“.
Во наредниот период, Ѓуровски ќе ги помине сите понатамошни потребни прегледи, за да можат лекарите да бидат апсолутно сигурни дека сè е во најдобар ред.
„ФК Црвена звезда му посакува на нашиот Бошко брзо закрепнување и наскоро повторно да се видиме на Маракана“, стои во заклучокот во соопштението на Црвенз звезда.