Борусија Дортмунд официјално го објави потписот на Бразилецот, Јан Коуто од Манчестер сити. Тој доаѓа на заем, на една сезона со можност за постојан трансфер доколку се исполнат одредени услови.
Евентуалното купување на играчот ќе биде за 25+5 милиони евра. Бразилскит интернационалец Коуто има 22 години, и игра на десната крилна позиција.
Тој е „сопственост“ на Манчестер сити од 2020 година, но постојано е испраќан на позајмица и нема одиграно ниту еден натпревар за тимот на Пеп Гвардиола.
Минатата сезона, Јужноамериканецот беше дел од друг клуб од групацијата на Манчестер сити, во шпанска Џирона, која импресионираше и сезонава ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ).