(ФОТО) Борнмут најде замена за Соланки, од Порто за 47 милиони евра

Летово Бурнемут го загуби најдобриот играч, напаѓачот Доминик Соланки кој замина во Тотенхем, но брзо реагираше и најде нов напаѓач, во Бразилецот, Еванилсон (25) кој доаѓа од Порто.

Оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо, кој откри дека Борнмут за него на Порто ќе му плати дури 47 милиони евра и оти португалскиот тим ќе добие 10 отсто од следната продажба.

Минатата сезона Соланки одигра 42 натпревари во сите натпреварувања за Борнмут и постигна 21 гол, со четири асистенции. Еванилсон пак имаше подобар ефект од него, постигна 25 гола, плус седум асистенции во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО