Италијанскиот репрезентативец, Алесандро Бонџорно објасни зошто одбил да се пресели во Јувентус и ја прифатиl понудата на Наполи.
Дефанзивецот направи трансфер во Наполи од екипата на Торино за 40 милиони евра (35+5).
– Имав понуди од многу тимови. Пораснав и играв во Торино, па имав чувство дека ако станам „бјанконер“ ќе се изневерам себеси. Сум бил во Неапол и тука може да ја почувствувате љубовта на навивачите.
Страста на луѓето за фудбалот и тимот лебди во воздухот. Многу сум среќен со изборот што го направив, изјави дефанзивецот на Наполи, кој беше дел и од италијанската репрезентација на последното ЕП во Германија.