Според најавите од страна на медиумите во С. Арабија, можно е и тоа како да дојде до мега – трансфер, до „бомба“ во фудбалот во оваа пребогата земја. Имено се наведува дека Кристијано Роналдо, откако дека и дефинитивно сфатил дека со Ал Наср не може до титула има намера и тоа како да го менува клубот.
Него во 2025 година му завршува договорот со Ал Наср вреден 200 милиони евра по сезона, а се говори дека најблиску до потпис е со Ал Хилал, големиот ривал на Ал Наср, каде што играат Нејмар, Митровиќ, Милнковиќ – Савиќ и други ѕвезди.
Се разбира дека од Ал Хилал веднаш ја демантираа оваа вест:
„Ова звучи како научна фантастика. Роналдо не е наш играч, па така тешко е да говори за тоа. Тој моментално е под договор со својот клуб и не е слободен играч, така да не е добро да се говори на оваа тема“ велат од раководството на Ал Хилал.