Боксерката која се сомничи дека е маж возвраќа на нападите: „Сега ќе се видиме на суд…“

Алжирската боксерка, Иман Келиф, која за која многу се полемизираше на Олимписките игри (ОИ), реши да оди на Суд откако го освои златниот медал во Париз! Таа одлучила да побара правна помош поради, како што наведува, хајката што била водена против неа и оние кои ја почнале.

– Г-ѓа Келиф контактираше со адвокатската канцеларија која поднесе тужба за тешко вознемирување преку Интернет, преку Центарот за сузбивање на омразата на Интернет во париското обвинителство.

Кривичната истрага ќе утврди кој ја почнал оваа мизогинска, расистичка и сексистичка кампања, но ќе се фокусира и на оние кои го поттикнале овој дигитален линч.

Неправедното малтретирање што го претрпе оваа боксерска шампионка ќе остане најголемата дамка на овие Олимписки игри, изјави нејзиниот адвокат, Набил Буди,  пренесува ЕСПН.

 

Иман суверено го освои златото на ОИ, а по мечот имаше порака до јавноста.

– Јас сум жена како и секоја друга. Се родив како жена, живеев како жена, се натпреварував како жена – без сомнение.

Се разбира, постојат непријатели на успехот. Ова му дава посебен вкус на мојот успех поради овие напади. Сакам да му порачам на светот дека треба да се посветат на олимписките принципи и дека не треба да ги малтретираат луѓето. Ова е порака од ОИ.

Се надевам дека луѓето ќе престанат да малтретираат. Ние сме на Игрите за да настапуваме како спортисти. Се надевам дека нема да видиме слични напади во иднина, рече Иман.

Да потсетиме, Интернационаниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи на Иман и на Тајванката, Лин Ју-Тинг да боксуваат на ОИ, иако имаа вишок машки хромозоми. Од друга страна, Интернационалната боксерска федерација (ИБА) лани ги суспендираше од Светското првенство (СП).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО