Боксер почина само шест дена по освојувањето на титулата

Порториканскиот боксер Пол Бамба почина на 35-годишна возраст само шест дена по освојувањето на светската титула на ВБА во „крузер“ категорија.

Бамба го водеше американскиот пејач Не-Јо, кој преку соопштение ја потврди смртта на боксерот. Причината за смртта не е објавена.

-Со длабока тага го објавуваме смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски шампион, Пол Бамба, чија светлина и љубов допреа безброј животи“, наведе пејачот во изјавата.

-Беше жесток, но самоуверен натпреварувач со нескротлива амбиција да постигне големина. Но, повеќе од сè, тој беше исклучителна личност која инспирираше многумина со својата исклучителна желба и решителност“, додава Не-Јо.

Бамба, кој имаше биланс од 19 победи, од кои 18 со нокаут, и три пораза, ги доби сите 14 борби оваа година со нокаут, победувајќи го Мексиканецот Рохелио Медина минатиот викенд во Њу Џерси и го освои златниот појас на ВБА во „крузер“ категоријата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО