Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни Еурофарм Пелистер со 6.000 евра поради расистичко навивање на натпреварот со Фредериција во Лигата на шампиони (ЛШ).
Казната на ЕХФ за македонскиот првак е во согласност со „нула толеранција“ за расизмот и несоодветното навивање со цел промоција и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика.
Мисијата на ЕХФ е да го поттикне пријателството и меѓусебното разбирање меѓу членовите, да не дискриминира врз основа на политика, раса или религија и да отфрли какви било нелегитимни практики во спортот, е објаснувањето на ЕХФ.
Битолчани имаат право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена