Билд: Баерн Минхен има премногу играчи, затоа ќе мора да продава

Баерн Минхен летово го ангажира крилото, Михаел Олисе за 53 милиони евра од Кристал палас, средниот бек Жоао Палиња за 51 милион евра од Фулам и дефанзивецот Хироки Ито, за 23,5 милиони евра од Штутгарт.

Хрватскиот репрезентативец, Јосип Станишиќ кој лани играше на заем во Баер Леверкузен, се враќа, а блиску до трансфер е и Џонатан Тах, исто така од Леверкузен.

Билд пишува дека ниту еден од тие пет играчи „не е светска ѕвезда“, но би можеле да станат стандардни првотимци во тимот предводем од новиот тренер, Венсан Компани.

Со оглед на големиот број играчи во составот, германските медиуми посочуваат дека „соблекувалната пука по рабовите поради скапо платените репрезентативци од целиот свет“.

Баерн затоа ќе мора да продаде неколку играчи, а „Билд“ истакнува дека „треба да си заминат најмалку пет ѕвезди“.

Баерн Минхен лани не освои ниту еден трофеј, што беше прва ваква лоша сезона по повеќе од една деценија, а по неа, се чини, тимот ќе изгледа многу поинаку.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл најверојатно ќе се ослободи од неколку играчи. „Билд“ пишува дека „цела Европа знае дека тој мора да продава“ и дека цената за поединци може да падне поради тоа.

Германските новинари веруваат дека еден од овие играчи би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок. Тоа се централни играчи од средниот ред, Леон Горецка, Џошуа Кимих и Конрад Лајмер.
Меѓу стоперите пред излезната врата се Матијас де Лихт, Ерик Даер, Ким Мин-џае, Дајот Упамекано, а од крилата, Нусаир Мазрауи, Саша Бои и Алфонсо Дејвис.

Се наведува дека треба да си заминат најмалку две крила, еден централен играч за врска, веројатно двајца стопери и еден од дефанзивците.

– Спортскиот директор не се оценува само според играчите што ги доведува, туку и според тоа што ќе добие од оние што ги продава. Ова вклучува спречување на Кимих и на Сане да си заминат бесплатно во 2025 година, пишува „Билд“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО