Организацискиот одбор на АФКОН во согласност на Африканската фудбалска федерација ќе дозволи слободен влез на одредени натпревари на шампионатот. Оваа одлука следи откако на некои натпревари од првото коло имаше слаба посета.
На дуелот во Агадир меѓу Камерун и Габон, трибините на почетокот беа речиси празни, а потоа при крајот на дуелот имаше околу 35.000 гледачи и покрај силниот дожд. Слична ситуација беше на дуелот Египет – Зимбабве, кога за време на химните имаше неколку илјади навивачи. Слични беа ситуациите и за дуелите Конго – Бенин и Тунис – Уганда.
Сепак одлуката за слободен влез ќе важи 20 минути по почетокот на натпреварот. Единствено натпреварите на домаќинот Мароко го немаат тој проблем бидејќи сите влезници се продадени.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: