Матс Хумелс (35) е слободен играч откако на крајот од јуни му истече вториот договор со Борусија Дортмунд.
Тој во кариерата ги носеше дресовите на само два клуба, Баерн Минхен, каде што ја почна кариерата и се врати во неа меѓу два мандата во Борусија Дортмунд, за која настапуваше од 2009 до 2016 година и од 2019 до крајот на минатата сезона.
Сега би требало да ја напушти Германија и првпат да се испроба во странство. Беше во сериозни преговори со Болоња, но наеднаш нтересирање покажа Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите со италијанскиот клуб значително забавиле, ако не се веќе и прекинати, откако Хумелс дознал дека може да се пресели во актуелниот шпански и европски шампион.
Хумелс одигра повеќе од 500 натпревари за Дортмунд, со кој беше двапати германски шампион и двапати финалист во Лигата на шампиони (ЛШ). Во дресот на Баерн трипати ја освојуваше Бундеслигата, а како германски репрезентативец беше светски првак во 2014 година.