Белоти ja напушта Рoмa, но останува во Италија

Напаѓачот на Рома, Андреа Белоти до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Фиорентина.

Европскиот шампион од 2021 година со Италија одигра 22 натпревари оваа сезона во дресот на Рома. Постигна шест гола и имаше две асистенции, но за само 998 минути.

Новиот тренер на „римската волчица“, Даниеле де Роси не го гледа во своите планови, па напаѓачот го смени клубот. Тој до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Фиорентина.

Пред Рома, Белоти играше за Палермо и Торино. Додека беше играч на Биковите, своевремено првиот човек на клубот Урбано Каро бараше 100 милиони евра за него. Но повредите значително ја намалија неговата цена и впечаток е дека не се доближи до височините што му беа предвидени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО