Англискиот селектор Томас Тухел го објави денеска списокот фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026.
Во англиската репрезентација се враќа фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Фил Фоден од Манчестер Сити, додека играчот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, доби дебитантски повика, објави попладнево Фудбалската асоцијација (ФА).
Белингем нема настап за Англија од јуни оваа година, додека Фоден последен пат се појави во англискиот дрес во март. Дебитантот Скот (22), беше дел од англиската репрезентација која летото во Словачка го освои Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Англија, која веќе обезбеди пласман на Мундијалот, ќе игра против Србија на 13 ноември, а три денови во завршниот дуел од квалификациската група К противник ќе ѝ биде Албанија.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: