Беќири: Ќе се бориме за добра претстава и за добар резултат

Фудбалерите на Шкендија ја испишуваат клупската историја и се првиот македонски фудбалски клуб со европска пролет. Македонскиот првак утревечер од 21 часот го игра првиот натпревар од 1/16 финале од УЕФА конференциската лига. Противник им е турската екипа Самсунспор.

За нас мал проблем е тоа што противникот има нов тренер, значи промена на стилот на игра. Но, ние треба да уживаме дека во февруари играме европски натпревари. Ќе се бориме за добра претстава и за добар резултат. Мислам дека Самсунспор е еден од поквалитетните ривали и можеби една или две се поквалитетни од нив во ова натпреварување. Треба да се бориме затоа што во наш интерес е да имаме што повеќе мечеви и да се претставиме добро и како македонска екипа во Европа се надевам дека ние ќе дадеме максимум и треба да бидеме трпеливи и борбени, изјави на прес конференцијата тренерот на Шкендија Тетово Јетон Беќири.

Натпреварот Шкендија – Самсунспор се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 21 часот.

Фото: Фејсбук ФК Шкендија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО