Барселона сака да го ангажира Кансело

Барселона планира да ја зајакне својата одбрана во зимскиот преоден рок, а шпанските медиуми јавија денеска дека каталонскиот клуб е заинтересиран за португалскиот дефанзивец Жоао Кансело (31), кој од летото 2024 година го носи дресот на саудиски Ал Хилал.

Според истите извори, Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи под сегашниот тренер на Ал Хилал, Симоне Инзаги, има многу малку минутажа во тимот.

Кансело оваа сезона има само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација и дали ќе биде во составот за Светското првенство во 2026 година се под знак прашање.

Доаѓањето на „Камп Ноу“ за Кансело би значело враќање во позната средина, бидејќи беше позајмен во Барселона од Манчестер сити во сезоната 2023-24.ег
ФОТО: Принтскрин

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО