Барселона потврди: Араухо ќе мора да оди на операција

Раководството на Барселона потврди дека играчот на нивната екипа Роналд Араухо ќе биде опериран. Дефанзивецот има проблеми со тетивата и ќе мора да оди на операција. Операцијата ќе се изврши во финска клиника во градот Турку, а на операцијата ќе бидат присутни и лекари од медицинскиот персонал на Барселона.

Од клубот најавија дека по хируршката интервенција ќе соопштат детали за периодот за опоравување на Араухо. Дефанзивецот се повреди во четвртфиналната пресметка на Копа Америка меѓу Уругвај и Бразил.

Најпрво се мислеше дека Араухо нема да има потреба од операција, а сега е касно дека неговото закрепнување ќе трае речиси два месеци. Сепак, по тестовите стана јасно дека операцијата е неизбежна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО