Барселона останува во календарот на Формула 1

Раководството на Формула 1 потпиша денеска договор за продолжување на соработката со патеката Барселона – Каталуња, која со тоа ќе остане во календарот на Ф1.

Барселона ќе се менува со Белгија до 2032 година и ќе биде домаќин на трки во 2028, 2030 и 2032 година, додека на белгиската патека Спа-Франкоршамп ќе се возат трки во 2027, 2029 и 2031 година.

Оваа година, обете патеки ќе бидат домаќини на Формула 1, Барселона на 14 јуни, а Спа-Франкоршамп на 19 јули.

„Ова обновување на договорот е резултат на силната врска и тесна соработка, и претставува многу важен чекор во понатамошното консолидирање на Каталонија како клучен играч во меѓународниот календар“, изјави извршниот директор на Барселона – Каталуња, Пол Жиберт.

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 8 март во Мелбурн.

ФОТО: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО