Барселона не успеа да го регистрира Олмо

Раководството на Барселона не обезбеди соодветна финансиска ситуација за да го регистрира Дани Олмо во Ла Лига.

Тренерот на Каталонците Ханси Флик и натаму не може да смета на шпанскиот репрезентативец, кој е подготвен да дебитира во првенството.

Се очекуваше дека заминувањата на Илкај Гундоган и Клеман Ленгле ќе направат простор за регистрација на Олмо, но Ла Лига не дала зелено светло за вакво нешто и Барса и натаму да ги намалува трошоците за да успее.

Клубот можел да го забрза процесот и со нов спонзорски договор, но не успеал да договори и такво нешто, па Олмо ќе мора да чека најмалку до дуелот со Рајо Валјекано во вторник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО