Барселона лани од дресови остварила вкупен приход од 179 милиони евра

На врвот на топ-листата на клубови со остварен највисок вкупен приход од продажба на дресови во 2023 година има два шпански, два англиски и еден германски колектив.

Како дел од годишниот извештај за финансиската страна на европскиот клупски фудбал, УЕФА неодамна објави исцрпно досие за 2023 година, кое опфаќа, меѓу многу други работи, преглед на вкупниот приход на клубовите кои најмногу заработуваат од продажбата на дресови.

На врвот на оваа топ-листата се два шпански клуба, Барселона и Реал Мадрид, а во топ пет се и два англиски и еден германски клуб.

Манчестер сити, актуелниот првак во ЛШ се најде дури на 11. место на оваа топ-листа на која Лидс јунајтед од англискиот Чемпионшип се наоѓа многу пред Интер, водечкиот во Серија А…

Што се однесува до производителите на овие дресови, застапени се само три фирми, Најки, Адидас и Пума.

1. Барселона (Најки) – 179 милиони евра

2. Реал Мадрид (Адидас) – 155 милиони евра

3. Баерн Минхен (Адидас) – 147 милиони евра

4. Ливерпул (Најки) – 132 милиони евра

5. Манчестер јунајтед (Адидас) – 130 милиони евра

6. Пари Сен Жермен (Најки) – 97 милиони евра

7. Арсенал (Адидас) – 89 милиони евра

8. Челси (Најки) – 87 милиони евра

9. Јувентус (Адидас) – 74 милиони евра

10. Тотенхем (Најки) – 74 милиони евра

11. Манчестер Сити (Пума) – 73 милиони евра

12. Борусија Дортмунд (Пума) – 54 милиони евра

13. Милан (Пума) – 47 милиони евра

14. Ајакс (Адидас) – 41 милиони евра

15. Галатасарај (Најки) – 35 милиони евра

16. Лидс јунајтед (Адидас) – 35 милиони евра

17. Селтик (Адидас) – 34 милиони евра

18. Фенербахче (Пума) – 31 милиони евра

19. Ајнтрахт Франкфурт (Најки) – 26 милиони евра

20. Интер (Најки) – 26 милиони евра

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО