Барселона синоќа преку сигурни извори, но не и преку официјално соопштение потврди дека ги решила сите проблеми и дека ќе може да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, денеска стигна демант.
Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) објавија официјално соопштение во кое се наведува дека барањето на Барселона е одбиено.
Иако Барселона достави дополнителна документација, проблемот е всушност правилото на Ла Лига кое вели дека играч на кој му е прекината регистрацијата од која било причина не може да му биде продолжена во истата сезона.
Шпанските медиуми, објавија дека Ла Лига попуштила и поради силниот притисок од други клубови, па и покрај тоа што Барселона нашла „дупка“ во законот и побарала регистрација поради „непредвидени околности“, кои подоцна биле решени, конечниот одговор бил „НЕ“.
Барселона сега треба да оди на суд, но не треба да се заборави дека две жалби веќе се одбиени.
Каталонците нема да се предадат, но евидентно е дека Џоан Лапорта згреши и прави се за да ги прикрие прупостите на Барселона.
Сега судот ќе треба да покаже дали погрешил или не, но штетата е веќе направена, бидејќи вчера и на Дани Олмо и на Пау Виктор, Лапорта им кажал дека сите проблеми се решени…
Шпанските медиуми откриваат дека Олмо е разочаран и се чувствува измамен, поради што неговата иднина е крајно неизвесна.