Барселона ќе ангажира голман што веќе замина во пензија!

Војчех Шчесни (34) во понеделник ќе потпише договор според кој до крајот на сезоната ќе биде голман на Барселона, објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Полјакот летово ја заврши кариерата откако со заедничка согласност го раскина договорот со Јувентус. Сепак, Каталонците се најдоа во голем проблем по тешката повреда на првиот голман Марк-Андре Тер Штеген, за кого сезоната прерано е завршена.

– Имам голема почит кон историјата на Барселона. Тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Ја разбирам тешката ситуација во која се наоѓаат по повредата на Тер Штеген и мислам дека ќе покажам недостиг од почит ако јас не ја разгледав оваа опција, рече Шчесни за каталонскиот весник Спорт.

Според информациите на Романо, Шчесни ја прифатил понудата на Барселона, која ќе биде негов петти клуб во професионалната кариера. Претходно бранеше за Арсенал, Брентфорд, Рома и за Јувентус.


Шчесни ја напушти родната Варшава на 16 години и ја почна кариерата во Арсенал во Лондон. За првиот тим на „топчиите“ од 2009 до 2015 година забележа 181 настап во сите натпреварувања.

Следуваше двегодишна позајмица во Рома, а од 2017 до 2024 година, во седумте сезони минати во Јувентус, забележа 252 настапи за торинската „Стара дама“, со која освои три титули во италијанскиот шампионат. За полската репрезентација забележа 84 настапи.

Освои 11 клупски трофеи, беше прогласен за најдобар фудбалер на Полска во 2022 година, а за националниот тим забележа 84 настапи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО