Раководството на Барселона се сомнева дека преговорите околу трансферот на крилниот напаѓач на Атлетик од Билбао, Нико Вилијамс ќе бидат успешни. Според извори од клубот, во Барса се загрижени што во трката за играчот се вмеша ПСЖ, кој е поупорен во преговорите и е подготвен да понуди многу поповолни услови во однос на Барселона.
Се истакнува дека каталонскиот клуб нема да може да понуди подобри услови од актуелниот француски шампион. ПСЖ нема да штеди пари за Вилијамс, додека Барселона долго време тактизира и не успеава да најде доволно средства за да го откупи договорот на шпанскиот репрезентативец.