Барселона го решава проблемот со Олмо во зделка вредна 200 милиони евра

Шпанските медиуми честопати го истакнуваат проблемот на Барселона со регистрацијата на Дани Олмо и на Пау Виктор за вториот дел од сезоната.

Но каталонскиот „Спорт“ наведува дека најверојатно е најдено решение кое ќе му донесе 200 милиони евра на водечкиот клуб сезонава во Ла лига и ќе го реши тој проблем.

Олмо во летниот преоден рок пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси ќе ја пробие границата од 60 милиони.

Поради правилата за регистрација на играчи, Барселона би можела да искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и на Андреас Кристенсен за да ги регистрира Олмо и Пау Виктор.

Во периодот на нивното опоравување, Барса мора да собере пари за Олмо и за Виктор да го одиграат вториот дел од сезоната. Шпанските медиуми пишуваат дека на клубот ќе му бидат потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата која важи до 31 декември.

„Спорт“ тврди дека Барса преговара за „продажба на ВИП местата на новиот, реновиран стадион за периодот од 20 години, што треба веднаш да донесе 200 милиони евра во клупската каса“.

Со тие пари не само што би се решил проблемот со Олмо и со Виктор, туку клубот би можел да стане поактивен во зимскиот преоден рок и на тој начин да го освежи и да го засили составот во борбата за титулата во Шпанија, но и во Европа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО