(ВИДЕО) Барса во криза. Загуби од Леганес, дома!

Во натпреварот од 17. коло на шпанската Ла лига, Барселона на домашен терен, на Монжуик, беше поразена од Леганес со 0:1. Со тоа Каталонците не успеаја да го искористат киксот на Реал Мадрид кој ремизира со Рајо Валјекано (3:3) и повторно да ја зголемат предноста во однос на кралевите.

Леганес поведе уште на почетокот, во 4. минута , кога погоди Серхио Гонзалес. Гостите изведоа корнер, а дефанзивецот на Леганес беше највисок во скокот и погоди за водство на својот тим.


Барселона ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, но голманот на гостите Марко Дмитровиќ со брилијантни одбрани ја сочува мрежата.

Барселона и покрај поразот и натаму е прва, но исто толку бодови има и второпласираниот Атлетико, додека Реал е трет со бод помалку. Двата мадридски тима имаат одиграно и по еден натпревар помалку.

Леганес, пак, по овој меч има скор од четири победи, шест нерешени и седум порази и ја зазема 15-та позиција на табелата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО