Барса му ја даде 10-та на Меси, но сега го брка од клубот

Челниците на Барселона му порачаа на Ансу Фати (21) дека треба да го напушти клубот летово, објави „Спорт“.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, на Фати му било кажано дека тренерот Ханси Флик повеќе не смета на него и оти ќе мора да побара нов клуб, бидејќи е прескап за Барса за да седи на клупата за резерви.

Барселона сака да го продаде, но опција е и заем, под услов клубот кој ќе го ангажира да му ја покрие платата од 14 милиони евра годишно.

За трансфер се заинтересирани многубројни шпански клубови, но и од Турција. „Марка“ пишува дека Жозе Мурињо лично стапил во контакт со клубот и се распрашал за условите за негово доведување во Фенербахче.

Фати, кој има 21 година, игра на позицијата лево крило и е корисен и во средниот ред и во нападот, и не така одамна го нарекуваа „новиот Меси“.

Трансфермаркт пред три години го вреднуваше на 80 милиони евра, а денеска по многубројните повреди вреди само 25 милиони.

Минатата сезона тој одигра 19 првенствени натпревари како позајмен играч во Брајтон, но во просек играше по 27 минути и постигна само два гола. Тој има договор со Барселона до летото 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО