Барса како домаќин во елиминациската фаза во ЛШ можеби ќе мора да игра во Мадрид?!

Барселона никако да ги одмине проблемите. Речиси секојдневно каталонската гордост се соочува со нив. Најново е тоа што Барса нема каде да игра во елиминациската фаза во Лигата на Шампините како домаќин.

Имено познато е дека “Камп Ноу“ и дефинитивно нема да биде готов до крајот на сезоната, а договорот со градските власти за користење на “Монжуик“ завршува на почетокот на пролетта и овој клуб нема право да биде домаќин на меѓународни мечеви на тој стадион во градот Барселона.

Се шпекулира со стадионот на градскиот ривал Еспањол, потоа со “Местаља“ во Валенсија и со “Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

УЕФА притиска и бара од сите клубови во ЛШ да пријават домашни стадиони за напролет, а тоа Барса ќе мора да го стори најдоцна за две – три недели.

Сепак се очекува Хоан Лапорта да има состанок со градските власти и да побара престојот на “Монжуик“ да биде продолжен за некој месец.

Во спротивно ќе мора да се бара друго решение, а тоа се вика Мадрид и стадионот на Атлетико Мадрид – “Ванда Метрополитано“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО