Барселона ја одби првата понуда на Јувентус за Араухо. Според информациите кои се појавија вечерва, Каталонците го информирале Јуве дека Араухо не е на продажба.
Јувентус го направи првиот обид да го купи дефанзивецот, но Барса е цврста на ставот дека до продажба може да дојде само во јуни и тоа за сума не помала од 70 милиони евра. „Мундо Депортиво“ тврди дека торинскиот тим дал понуда преку агентот на играчот, но „блауграна“ категорично одбила.
Барселона знае дека на лето, кога Араухо ќе влезе во последната година од договорот вредноста на играчот ќе се намали, но управата сепак претпочита да го задржи Уругваецот до крајот на сезоната.