Бараше да замине од Мадрид, а сега сака назад, но Анчелоти има став: Нема место за него овде!

Реал Мадрид пред четири години издвои 30 милиони евра за младиот бразилсни талент Рејнер Хесус, кој дојде од Фламенго, но за разлика од Винициус или Родриго, тој не успеа да се наметне доволно, па кариерата му тргна во обратен правец.

Рејнер Хесус е еден од низата млади бразилски фудбалери кои изминатиот период беа ангажирани од Флорентино Перез и Реал. Но додека првиот човек направи вистинска зделка со Винициус и Родриго, не ја погоди со Хесус.

22 годишниот фудбалер не доби шанса во првиот тим, играше нешто кратко во Кастиља, за потоа да следи позајмица во Борусија Дортмунд, Џирона и Фросиноне.

Неговите позајмици поминаа солидно, па Рејнер сега изразил желба за враќање во Мадрид, каде ќе бара шанса за првиот тим. Но Карло Анчелоти околу овој играч бил дециден, дека за него нема шанси во првиот тим бидејки претходно барал позајмица.

– За него скоро сигурно нема место во тимот, треба да оди на позајмица, порача Карло Анечлоти.

Рејнер Хесус посакувал брзо на големата сцена и токму тоа му засметало на Карло Анчелоти, кој веднаш наредил негови позајмици во споменатите клубови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО