Поранешниот италијански репрезентативец, 35-годишниот Марио Балотели сè уште не се откажал од професионалниот фудбал и би можел да се врати на теренот во дресот на Ал Итифак од Обединетите Арапски Емирати, јавија денеска италијанските медиуми.
Балотели е без клуб речиси една година, а неговиот последен ангажман беше во калчолигашот Џенова, за кој потпиша на крајот на октомври минатата година. Сепак, неговиот престој во Џенова беше многу краток, одигрувајќи само 56 минути во шест настапи, пред да го напушти клубот на почетокот на јануари.
Балотели ја одржува својата форма тренирајќи во аматерскиот клуб Карпенедоло, а италијанските медиуми наведуваат дека Ал Итифак е подготвен да му понуди договор до јуни 2028 година.
Балотели промени бројни клубови во текот на својата кариера, а во своите најдобри денови настапуваше за Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул. За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари, постигнувајќи 14 голови.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: