Баерн остана без Кингсли Коман пред реваншот со Арсенал

Францускиот фудбалски интернационалец го повреди бутниот мускул и мораше предвреме да ја напушти играта.

Првичните проценки се дека тој ќе паузира најмалку три седмици и тој сигурно нема да му биде на располагање на тренерот Томас Тухел за реванш мечот против Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тоа е единственото натпреварување во кое Баерн Минхен сѐ уште може да се надева на трофеј и тоа во ЛШ.

Баерн Минхен против Арсенал дефинитивно ќе биде без Серж Гнабри, многу веројатно и без Лирој Сане, а неизвесен е и голманот Мануел Нојер, кој не бранеше на денешниот меч со Келн.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО