Баерн наредната недела ќе реши кој ќе биде наследникот на Тухел

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека очекува клубот да донесе одлука за нов тренер во рок од една недела.

Баерн во февруари објави дека тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, една година пред истекот на неговиот договор, поради незадоволителни резултати.

„Мислам дека ќе донесеме одлука за една недела“, изјави Хенес за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Откако беше објавено дека 50-годишниот тренер ќе го напушти клубот, Баерн се обиде да ги доведе тренерот на Баер Леверкузен Чаби Алонсо и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, кои одлучија да останат со своите тимови.

Се шпекулира дека Баерн преговара со селекторот на Австрија, Ралф Рангник.

Баерн оваа сезона не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата, но ќе има можност да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, противник во полуфиналњто ќе му биде Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО