Еден од најискусните фудбалери на Баерн (М), Томас Милер, би можел да помине уште една сезона во Баерн.
Клубот од Минхен размислува да му понуди нов договор на 35-годишниот играч од средниот ред, објави новинарот на Скај Спорт, Флоријан Плетенберг. Договорот би бил со важност до 2026 година.
Клучниот услов е играчот да се согласи на намалување на платата. Актуелниот договор на Милер истекува на крајот од оваа сезона.