Баерн Минхен конечно најде тренер?

Менаџерот на Барнли, Венсан Компани ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, пишува „Билд“. Се очекува 38-годишниот Белгиец да биде објавен како нов тренер на Баерн во текот на викендов.

Раководството на Баварците последните денови преговараше со Компани и постигнале начелен договор. Според различни извори во Германија, Компани веднаш ја прифатил работата и потоа ги разјасниле деталите.

Бордот на директори на Баерн исто така се согласил за назначувањето на Компани, а спортскиот директор Макс Еберл цврсто стои зад него. На „Алијанц “ гледаат огромен потенцијал кај Белгиецот, бидејќи неговиот развој го следат уште од Андерлехт.

Од клубот сметаат дека поранешниот дефанзивец е одлично решение за долгогодишен тренер. Компани совршено се совпаѓа со профилот што го бараат во Баерн, неговата фудбалска филозофија е блиска до нивната, се потпира врз систем 4-3-2-1, знае германски од времето во Хамбургер и исто така е инспириран од Пеп Гвардиола под чие водство играше во Манчестер сити.

Во оваа фаза единствена пречка за назначувањето на Компани е тоа што се’ уште нема договор со Барнли околу отштетата што треба да му биде исплатена на испаднатиот премиерлигаш.

Сепак се очекува дека ќе нема никакви проблеми во врска со тоа. Компани ќе го замени Томас Тухел и со тоа ќе стави крај на повеќемесечната потрага на Баерн по нов тренер. Досега Баварците беа одбиени од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник, Роџер Шмит, Оливер Глазнер, па дури и Тухел.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО