Раководството на Баерн Минхен во наредните години ќе работи на значително намалување на платите во клубот, пренесува „Кикер“. Според изворот, клубот од Минхен, пред сè, планира да заштеди на платите на младите играчи, Џамал Мусиала (20) и Алфонсо Дејвис (23).
Клупските газди немаат намера на канадскиот дефанзивец Дејвис да му плаќаат по 13 милиони евра годишно, според новиот договор. Исто така се смета дека Мусиала се’ уште не ја стабилизирал играта и затоа не заслужува зголемување на платата.
Сезонава Мусиала има 24 натпревари во сите натпреварувања постигна седум гола, плус три асистенции. Дејвис одигра 27 натпревари, постигна еден гол и трипати асистираше.
Проценетата цена на овие играчи, според интернет порталот Трансфермаркт, е 110, односно 70 милиони евра.