Баерн Минхен ќе ја активира клаузулата во договорот на Нико Вилијамс

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен е заинтересиран за играчот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува специјализираниот фудбалски портал „Гол“.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани планира да го ангажира Вилијамс, кој има договор со Атлетик до 30 јуни 2027 година.

„Скај Спортс“ Германија, објави дека Компани на крајот на сезоната планира да ангажира двајца квалитетни крилни играчи, од кои еден е помладиот од браќата Вилијамс. Баерн за овој трансфер е подготвен да потроши 60 милиони евра, колку што изнесува откупната калузула во договорот на фудбалерот.

Вилијамс (22) беше на прагот да се пресели во Барселона во летниот преоден рок, но реши да остане во Баскија. Тој оваа сезона одигра 23 натпревари и постигна два гола за клубот од Билбао.

Вилијамс оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО